Живот и Стил

Според хороскопскиот знак, еве што да подарите за „Денот на жената“

Според хороскопскиот знак, еве што да подарите за „Денот на жената“
фото: илустрација/шутерсток

Ако се уште немате одлучено што ќе подарите за „Денот на жената“ на своите мајки, баби, тетки, пријателки, колешки…еве каков подарок може да одберете според хороскопскиот знак.

Рак – Семејството и пријателите ги става на прво место, а за „Денот на жената“ на луѓето со овој хороскопски знак  може да им подарите семејна фотографија или корпа за пикинг која често ќе ја користат при излегувањето со најмилите.

Шкорпија  се најинтуитивните знаци во хороскопот. Ако им подарите нешто веднаш ќе се запрашат што се крие зад тоа. Парфемот е идеален подарок за шкорпиите.

Близнаци – се најрадознали знаци во хороскопот. За жената близнак кој пуши може да и купите електронска цигара, а како радознали знаци нема да се сомневаат веднаш да го тестираат новиот подарок.

Вага – е најголемиот стилист во зодијакот.Така да ќе биде добро да следите во текот на последната недела што се пишува за модата и кои се новите модни трендови. Вагите ќе ви бидат благодарни ако во нив препознаете вистинска трендсетерка.

Водолија – Тие не слават 8ми март. Па затоа, немој да се изненадите ако ве одбијат кога ќе се појавите со цвеќе на вратата. Наместо тоа имајте филозофски разговор или подарете им ја книгата „Критики на чистиот ум“.

Бик – Бидејќи биковите се штедливи, плико со пари ќе биде идеален подарок за нив.

Девица – Таа е најскромниот знак, па ќе ви биде благодарна што и да купите.

Јарец – Жените родени во овој хороскопски знак сакаат да бидат авторитет. Затоа најмногу ќе ги израдува подарок со кој ќе покажете почит. Тоа може да биде круна или добар накит.

Лав –  И додека кај другите знаци може да бидете креативни кај Лавовите ќе треба да ја потрошите целата заштеда која ја чувате за специјални прилики.

Стрелец – Бидејќи сака да патува сигурно веќе го има потполно пасошот. Па ако има футрола за пасош, може да и подарите некое патување.

Овен – Тие сакаат подароци кои имаат приказна за себе. Па така може да им подарите карти за некој концерт.