Радио Милева
„галантна“ славеничка?

Сораја го славеше роденденот во Истанбул: Луксуз платен илјадници евра и познатата српска водителка меѓу сите старлети (ФОТО)

Сораја го славеше роденденот во Истанбул: Луксуз платен илјадници евра и познатата српска водителка меѓу сите старлети (ФОТО)

За големата роденденска прослава во Турција организирана од Сораја Вучелиќ во регионалните медиуми се’ уште се зборува, а сега се појавија приватни фотографии од гламурозниот роденден на старлетата!

Таа за својот 35 роденден решила да ги покани пријателите во градот на Босфорот, а на гала прославата меѓу другите била и нејзината најдобра пријателка, старлетата Ана Кораќ.


Се шпекулираше дека една од гостите на гламурозниот роденден била и во моментов многу популарната српска водителка Душица Јаковљевиќ, а сега се појави слика како доказ за нејзиното присуство и пријателство со старлетата.

Имено, Сораја на својот Инстаграм профил сподели фотографија на која се Ана, Душица и таа, а во описот на фотографијата само ставила емотикони со срце.

Потоа присуството го потврди и самата Душица, откако и таа закачи фотографии од роденденсиот луксуз на Сораја.

од една страна Сораја меѓу своите пријателки важи за ептен галантана,  која им ги покрила сите патни трошоци и сместување на своите пријатели за роденденот, а од друга страна скопскиот скандал кога ненаводно не сакала да си ја плати ниту пијачката во една кафеана, кажува нешто друго.

Можеби „галантниот џек“, тогаш не бил со неа, за разлика од роденденската луксузна прослава во Истанбул?

Фото: Инстаграм принтскрин/sorajavucelic

Останати вести од Радио Милева