Радио Милева
Лажен гламур

Сопругата на Шијан сите три венчаници што ги носеше на свадбата ги позајмила – сите се прашуваат за цените, а таа не потрошила ниту евро (фото)

Сопругата на Шијан сите три венчаници што ги носеше на свадбата ги позајмила – сите се прашуваат за цените, а таа не потрошила ниту евро (фото)

Бојана Родиќ на свадбата со сопругот Мирко Шијан на секој начин се трудеше да го сврти вниманието кон себе. И успеа во тоа.

Сите пишуваа за тоа како таа блесна во сите три венчаници што ги носеше на црковната и граѓанската венчавка, како и на забава во ресторанот. Се шпекулираше дека за гламурозните креации издвоила вртоглави 30.000 евра, меѓутоа, вистината е дека не платила ниту едно евро за венчаниците и дека ги добила како надомест, како и дека е должна да ги врати нив кога ќе заврши прославата.

Таа за тие три фустани била должна само да ги рекламира  на социјалните мрежи, што тоа и го направила, а оваа мала работа и се исплатела повеќекратно, па како што налагаат српските обичаи, ја спасила својата свекрва Гоца Божиновска да плати голема сума.

Да потсетиме, Бојана најпрво се појави во венчаница во крој на принцеза со голи рамења и долг вел со круна, кој беше украсен со богат вез и светки. Го носеше на црква и граѓанска венчавка.

По ова, невестата се одлучила за уште една венчаница од бел сатен, а детаљот кој најмногу и привлекол внимание се ракавиците во иста боја и украсот на главата.

За крајот на прославата и сечењето на тортата, која имаше дури осум спрата, Бојана се одлучи за тесен светкав фустан со корсет и длабоко деколте, во кој и се гледаше трудничкиот стомак, бидејќи е во вториот триместар од бременоста.

Фото:Принтскрин/Приватна Архива

Останати вести од Радио Милева