Мустафа Сандал овој јануари го прослави својот 53 роденден.
Популарниот турски пејач по тој повод гостуваше во една емисија, а неговата сопруга Мелис и синот Јаман му приредија мало изненадување.
Не само што се појавија на лице место, туку донесоа и роденденска торта.
Во преден план на тортата е фотографијата на парот од нивната венчавка во Рим ова лето. Сепак, повеќе коментари се однесуваа на веќе големото момче кое Мустафа го има во бракот со Емина Јаховиќ.
Има 14 години и живее со мајка си, но е близок и со својот татко. Но, мора да забележиме нешто друго – Јаман е слика и прилика на мама. Веројатно го заклучивте кога ја видовте фотографијата.
фото:Инстаграм/Јутјуб принтскрин
Vistina.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.