Љубов и Секс

Сонувате „жешка акција“ со поранешното момче? Еве што значи тоа!

Сонувате „жешка акција“ со поранешното момче? Еве што значи тоа!

За да ви помогнеме да објасните што се случува кога во вашиот сон ќе се вмеша необично сексуално искуство, ви пренесуваме што значат најчестите сексуални соништа.

Сонувате за оргазми

Според аналитичарите, ако сонувате за оргазам или го доживувате во сон, тоа може да биде среќен крај на приказната, но може да значи и дека сте под голем притисок, затоа не сонувајте за оргазми туку доживејте ги , вели Лаури Ловенберг, експерт за соништа.

Сонувате за забранета врска

Ловенберг верува дека ако сонувате за врска со маж кој не е вашата омилена личност во реалниот живот, можеби правите нешто свесно што ве одвлекува од партнерот. Ако се чувствувате лошо по будењето, тоа значи дека вашата совест не е мирна.

Секогаш сонувате за иста врска

Ако секогаш го сонувате истиот сон, во однос на сексуалната врска, тоа може да значи дека сте многу стабилна личност која целосно се прифатила себеси. Ако сонувате вакви соништа, вие всушност си покажувате колку се сакате.

Секс со поранешниот

На крајот на краиштата, секс со поранешниот е најчестиот тип на соништа за секс. Ако сте започнале нова врска, може да се срамите или да се запрашате: Кого навистина го сакате: сегашниот или поранешниот?

Секс со шефот

Не може да биде понепријатно од оваа ситуација – но овој тип на сон не значи дека треба да се впуштите во афера со него, туку укажува на неговата позиција во компанијата и тој ви вели дека треба да ги преземете потребните чекори за напредок.

Останати вести од Љубов и Секс