Попладне облачноста ќе се зголеми. Ќе дува умерен, во западните делови засилен западен ветер, особено изразен на планините. Кон крајот на денот и во текот на ноќта повторно ќе има продор на студена воздушна маса од север со засилен северен ветер, а во северните и западните делови ќе има слаби локални врнежи од дожд, на планините од снег, но не се очекува врнежите да бидат обилни.
Утре преку ден облачноста ќе се намали, а од вторник времето ќе биде претежно сончево и студено со ниски утрински температури кои на повеќето места ќе се спуштат под нулата.
извор:Курир
Vistina.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.