Радио Милева
розов сексапил

Софија Милошевиќ се распосла на софа во градината: Манекенката покажа и фигура и облини во розово бикини (ФОТО)

Софија Милошевиќ се распосла на софа во градината: Манекенката покажа и фигура и облини во розово бикини (ФОТО)

Манекенката Софија Милошевиќ ужива со своето семејство во Шпанија, од каде објави фотографии во розови „фламинго бикини“, со  кои сите ги воодушеви.

Откако направи селфи проверка дали е се’ во ред пред огледалото, Софија позираше на терасата, па многумина остави со подзината уста.

Потоа Софија  се распосла на софата во домашната градина од каде ја сподели сета своја телесна убавина.

„Летото не завршува“ – напиша Милошевиќ покрај фотографиите на кои манекенката покажа и фигура и облини во розовото бикини.

„Убава си“, „Како да не си се породила“, „Тело за медал“, „Блазе си му на Јовиќ“, „Ти си вистинска мачка“, „Изгледаш одлично“, се некои од коментарите.

Да потсетиме, Софија и нејзиниот партнер, српскиот фудбалски репрезентативец Лука Јовиќ, со кого манекенката го доби синот Алексеј, планираа венчавка оваа година, меѓутоа, поради коронапандемијата, тие одлучија истата да ја одложат на неодредено време.

Фото: Инстаграм принтскрин/sofijamilo_lovers

Останати вести од Радио Милева