Радио Милева
Зимска модна поза

Со очила за сонце среде вијулица: Јелена Спенџарска во високи потпетици клекната на снегот покажа што е… „јака штикла“! (ФОТО)

Со очила за сонце среде вијулица:  Јелена Спенџарска во високи потпетици клекната на снегот покажа што е… „јака штикла“! (ФОТО)

За водителката на ТВ Канал 5, Јелена Спенџарска, изгледа нема зима! Како и би имало кога доаѓа од најстудениот град во земјава – Берово! Патем и онака навикнавме да ја гледаме по планини, шумски  куќички и хотели, па она малку снег не ги изненади градските власти, но не и секогаш подготвената беровчанка.

Затоа и да врне и да вее, тоа за неа ништо не е… Вита Јела би во секоја прилика, да се слика. За на Инстаграм!  До душа овој пат можеше само и да се слика, зашто така облечена на ова време, тешко дека би можела повеќе од тоа… Затоа, Спенџарска не го пропушти моментот да клекне на снегот, по тенка шарена кошула, црни панталони и салонски чевли со високи потпетици. Директно од студиото во дворот на телевизијата за да покаже што е, или поточно, колку е… „јака штикла“ на  – 4 С!

Очилата за сонце нераскинлив аксесоар, иако повеќе би и прилегале очила за снег по таа вијулица. Ама тие не одат на ваква гардероба. Не се во склад со студискиот имиџ на водителката, која затоа пак, за да не и смрзнат прстињата на рацете, ги прошета по снегот и елегантните кожени ракавици. Бубрезите, јајниците, белите дробови и останатите органи, мораа да трпат на зимата за сметка на имиџот и убавината.

Останати вести од Радио Милева