Љубов и Секс

Со нив нема компромис: 10 работи за кои никогаш не треба да се преговара во љубовната врска

Со нив нема компромис: 10 работи за кои никогаш не треба да се преговара во љубовната врска

Постојат одредени работи во врската за кои може и мора да се постигне компромис, но има и такви за кои едноставно не се преговара.

ие мора да бидат составен дел од секоја врска бидејќи се клучни за нејзиниот квалитет.

1. Посветеност

Важно е двајцата партнери да бидат подготвени за посветеност. Понекогаш е потребно да вложите многу труд во функционирањето на врската, а тој труд мора да биде заемен. Поточно, посветеноста во врската и работата на односот мора да бидат обострани бидејќи само на тој начин врската може да напредува. Ако само едната страна се обидува, а другата постојано одмага, врската нема да има светла иднина.

2. Наклонетост

Може да биде физичка и емоционална, а двете се подеднакво важни за врската. Она што се цени се малите нешта кои покажуваат наклонетост, односно приврзаност, а меѓу нив се на пример, држење за рака и неочекувани мали комплименти. Со редовното покажување наклонетост, ние му покажуваме на партнерот колку е важен за нас, а истото сакаме да го добиеме од него.

3. Редовна комуникација

Во здрава врска, секогаш можете без проблем да му кажете на вашиот партнер како се чувствувате, без страв од осуда или кавга. Секоја страна мора да има можност слободно да се изрази околу добрите и лошите работи во врската.

4. Искреност

Криењето на чувствата или задржувањето на негативните емоции е многу штетно за една врска. Затоа е важно од почетокот да практикувате искрена комуникација и однос без лаги.

5. Јасни намери

Ако едната страна сака сериозна врска, а другата поопуштена, веројатно не е најдобра идеја да се влезе во таков однос. Најдобрите врски се оние во кои партнерите имаат јасна визија за својот однос и за заедничката иднина.

6. Поставување приоритети

Во моментот кога врската е веќе доволно зрела и цврста, време е да зборуваме за приоритетите. Секој има право на постигнување на своите цели, а во истовреме мора да дефинирате кои се вашите заеднички цели и планови.

7. Отворен ум

Иако не секој е љубител на нови работи, во врската е важно да имате отворен ум и да истражувате. Новите искуства ќе ја одржат искрата во вашата врска. Покажете интерес за она што го интересира вашиот партнер и обратно, дозволете и тој повремено да се вклучува во вашето хоби.

8. Емпатија

Ниту еден однос не може да функционира без емпатија, особено љубовниот. Вашиот партнер мора да покажува сочувство кон вас, да ги разбира вашите проблеми и да работи на тоа да ви ги олесни тешките ситуации, а не дополнително да ги отежнува со своето однесување.

9. Почит

Меѓусебната почит е уште еден важен дел од квалитетната врска за околу кој нема преговори. Почитувајте го вашиот партнер, но не очекувајте ништо помалку од него. Никогаш не се ставајте во подредена позиција затоа што заслужувате сè добро да ви се врати со иста мера.

10. Доверба

На крајот, важно е парот да негува заемна доверба. Љубомората е нормална само кога доаѓа во разумни количини, разбирливи ситуации и кога не предизвикува големи проблеми или кавги. Секоја лоша постапка на партнерот влијае на количината на доверба што ја имате во него и го нарушува односот.

извор: точка,мк