Живот и Стил

Со намерно изложување се истражува имунолошката реакција при повторно заразување со Ковид-19

Со намерно изложување се истражува имунолошката реакција при повторно заразување со Ковид-19

Британските научници во понеделникот започнаа тестирање во рамките на коешто поранешни ковид-пациент намерно повторни ќе се изложат на коронавирусот за да се испита нивната имунолошка реакција и да се утврди дали волонтерите повторно ќе се заразат.

Во февраури Велика Британија стана првата држава во светот којашто го одобри спроведувањето на таканаречениот „ Human Challenge“, во рамките на кој волотенрите намерно се изложуваат на Covid-19 за да унапреди истражувањето на болеста којашто ја предизвикува коронавирусот SARS-CoV-2.

„Human Challenge“ е назив за контролирано испитување на инфекциите кај луѓето и вид на клиничко истражување на вакцини или други лекови кои вклучуваат намерно изложување на испитаниците на болеста којашто се истражува.

Студијата започната во понеделникот се разликува од онаа од февраури бидејќи целта е да се утврди дали лицата кои оздравеле од Covid-19 повторни ќе се заразат со вирусот за да се продлабочат сознанијата за имунитетот. Научниците притоа сметаат дека е поефикасно поранешните заболени да бидат изложени на коронавирусот отколку со него намерно да се инфицираат лица кои не ја минале болеста.

„Податоците кои ќе ги добиеме со ова истражување ќе ни овозможат развој на поквалитетни вакцини и поефикасни начини на лекување на оваа болест. Истовремено ќе ни помогнат да осознаме дали луѓето се заштитени откако оздравеле од Covid-19 и доколу се, колку долго“, појаснива имунологот Хелен Мекшејн, шефица на истражувачкиот оддел при Универзитетот Оксфорд.

Додава дека истражувањето, исто така, ќе им помогне на научниците да сфатата каква имуолошка реакција штити од повторната зараза со коронавирусот.

Во прилогот на агенцијата Reuters се истакнува дека научниците веќе со децении спроведуваат случни истражувања кај луѓето за да дознаат повеќе за болестите како што се маларијата, грипот, тигусот и колерата, како и за да развија подобрени вакцини и начини на лекување на овие болести.

Во првата фаза на половина од волонтерите ќе им биде инјектирата најмала доза од вакцина против коронавирусот, неопходно потребна за тој да се реплицира. Научниците очекуваат дека постапката ќе резултира со благи симптоми или тие целосно ќе изостанат.

Во втората фаза, којашто ќе започен летово, со стандардна доза од вакцината ќе бидат инфицирани другите доброволци.

Во студијата учествуваат 64 здрави волонтери на возраст од 18 до 30 години, кои со короанвирусот биле заразени пред најмалку три месеца, а сега повторни ќе бидат заразени со изворниот сој на SARS-CoV-2. Пота во карантин и под лекарски надзор ќе минат најмалку 17 дена. Сите коишто ќе развијат сиптоми ќе бидат лекувани со мониклоналните антитела „Regeneron“.

извор:нетпрес.ком.мк