Љубов и Секс

Со кои жени мажите би ги изневериле своите партнерки?

Со кои жени мажите би ги изневериле своите партнерки?

Платформата за возрасни Ashley Madison анкетираше 1.300 мажи кои отворено признаа како би ја избрале или како ја избрале личноста со која (би) ја изневериле партнерката.

Ова истражување покажа дека процесот на избор на љубовница е многу поосмислен од средбата со згоден странец во кафуле. Околу 27% признале дека би направиле прељуба или веќе ја направиле со колешка од работа или пријателка.

„Љубовницата често се прикажува како таинствена заводничка, но вистината е дека ако мажот има афера тоа веројатно ќе биде со жена која веќе ја познава“, открија од платформата.

Само 23% од мажите рекле дека би сакале да изневерат со непозната личност, на пример во текот на некое патување.

Оние кои извршиле неверство изјавиле дека тоа го направиле за да се обидат да го спасат својот брак, не за да го уништат.

Компанијата по истражувањето ја акцентира и важноста на оваа апликација за запознавање.

„Наместо да се поврземе со некој од нашиот социјален круг или уште полошо, од деловното опкружување, на апликациите за запознавање може да најдеме истомисленици кои можеби се исто така во брак и со кои е помала шансата да бидеме откриени“, велат оттаму.

Резултатите покажале дека дури 99% од мажите во еден момент размислувале за неверство или истото го сториле. Како главен мотиватор се покажал сексот, поточно потрагата за подобро сексуално задоволство.

Што се однесува до жените, 39% признале дека имале афера, а 35% признале дека размислувале за тоа. 54% од оние кои изневериле откриле дека тоа се случило откако станале мајки.

И мажите и жените влеат дека изневериле поради потребата за физичко задоволство.

Извор: кајгана