Радио Милева
замена

Со јавно соопштение се огласи Јелена Карлеуша и откри зошто ги напушта „Ѕвездите на Гранд“ (фото)

Со јавно соопштение се огласи Јелена Карлеуша и откри зошто ги напушта „Ѕвездите на Гранд“ (фото)

Како бомба одекна веста дека Цеца Ражнатовиќ е новиот член на жирито на „Ѕвездите на Гранд“, наместо пејачката Јелена Карлеуша.

Имено, „Гранд“ продукција објави дека новата сезона започнува на 18 септември, а дека на местото на Јелена Карлеуша доаѓа Цеца Ражнатовиќ.

Цеца Ражнатовиќ наместо Јелена Карлеуша е нов член во „Ѕвездите на Гранд“ – Вистина.мк (vistina.com.mk)

-Новата сезона на „Ѕвездите на Гранд“ започнува на 18 септември, а учесниците и гледачите ќе имаат големо изненадување на самиот почеток – нов член на жирито ќе биде Светлана Цеца Ражнатовиќ! Сигурни сме дека одличната музичка кариера, искуството и знаењето на Цеца ќе биде ветер во грб на учесниците во оваа конкурентна шоу програма. Нејзиното присуство во жирито ќе донесе нова енергија во која ќе уживаат и гледачите и учесниците, а шоуто „Sвездите на гранд“ ќе се гледа повеќе од кога било. Покрај оваа одлична вест како дел од стручното жири, подготвивме повеќе новини за гледачите бидејќи добро познатата сценографија ќе се промени и влегуваме во новата сезона со визуелен идентитет што одговара на најгледаната шоу програма од сите светски стандарди. Продукциското жири сепак ќе биде составено од Саша Поповиќ како претседател, Снежана Ѓуришиќ и Александар Милиќ Мили, додека Ана Бекута, Марија Шерифовиќ, Вики Миjковиќ, Драган Стојковиќ Босанац и Ѓорѓе Давид и оваа сезона ќе седнат на столчињата на стручното жири. Благодарни сме на актуелната членка на жирито, Јелена Карлеуша, за нејзината долгогодишна соработка на овој проект и се што направи за учесниците, а Гранд продукција останува куќата во која Јелена е секогаш добредојдена “, соопштија од продукцијата.

По тој повод, со јавно соопштение се огласи и Карлеуша и ја откри дека музичкото  шоу го напушта бидејќи сака да се посвети на излегувањето и промоцијата на нејзиниот нов албум кој доаѓа.

-Драги мои, одлучив дека е време пред новиот албум да се повлечам од натпреварувањето „Ѕвездите на Гранд“ и затоа, на своја иницијатива, уште на 28 јуни оваа година ја известив продукцијата „Гранд“ и го раскинав постоечкиот договор. Од тогаш до денес имаше обиди да најдеме начин и услови да продолжам со снимањето, меѓутоа не успеавме да се договориме“, напиша Карлеуша и порача на крај: „Кои се новите членови и како ќе изгледа натпреварувањето, не ме интересира. Им ја посакувам целата среќа“, напиша Карлеуша.

Инаку, Цеца не е првпат да биде дел од ваков тип на музичко шоу, таа беше дел и од „Пинкови ѕвезди“.

фото: инстаграм/звезде гранда/карлеуша стар

Останати вести од Радио Милева