Радио Милева
голем ден

Снеже Велков секој ден оди да вежба, а сега првпат замина на миникир: Водителката по 20 години стави лак на ноктите – на среќата и немаше крај

Снеже Велков секој ден оди да вежба, а сега првпат замина на миникир: Водителката по 20 години стави лак на ноктите – на среќата и немаше крај

Некогашната македонска водителка Снеже Велков иако не е активна на ТВ екраните, е активна на социјалните мрежи.

Имено, Снеже на „Инстаграм“ често споделува објави од раните утрински часови покажувајќи како и започнал денот, односно најчесто со физичка активност, како вози велосипед низ Скопје или пак вежба.

Водителката некогаш знае да сподели и по некој здрав рецепт подготвен од нејзините вешти раце или пак да сподели некој графит, цитат од Скопје, да каже некој совет, мислење, да разменува мислења со следбениците.

Така, неодамна таа ги праша корисниците на „Инстаграм“, решение за грицкање на нокти, а во пораки доби многу понудени решенија и одговори.

Сепак, Велков грицкањето на нокти го реши на друг начин односно како што истакна во кусите приказни на „Инстаграм“ имала херпес на уста и така се откажала од навиката да ги грицка ноктите.

Потоа, откако и пораснаа Снеже по 20 години замина каде што познатите, па и обичните девојки одат барем еднаш во месецот – односно на миникир.

Имено, таа првпат по 20 години стави лак на ноктите, а на среќата и немаше крај…

па водителката со крајниот резултат се пофали на социјалните мрежи.

Снеже Велков е пример дека кога се сака, се може, и да се применуваат добрите навики како што е вежбањето, и да се одвикнат лошите навики како што е грицкањето на нокти.

фото: Инстаграм/velkovsneze

Останати вести од Радио Милева