Радио Милева
должници...

Слаткар работи турбо: На Сања Николиќ „и направи“ бебе, а знаете ли што и направи на Сузана Гавазова? (ФОТО+ВИДЕО)

Слаткар работи турбо: На Сања Николиќ „и направи“ бебе, а знаете ли што и направи на Сузана Гавазова? (ФОТО+ВИДЕО)

Неодамна Марко Маринковиќ – Слаткаристика и неговата поубава половина Сања Николиќ, објавија на Инстаграм дека го добиле својот прв наследник. Сања и „Слаткар“ за прв пат станаа родители, откако таа на свет го донесе малиот кој го доби името Моша.

„Ќе почестам, ама нема да правам ‘свадба’… Мекици? Тоа е жива глупост. Најшкарт инвестирани пари. Овде само нешто се слави. Треба да се работи, а не само да се слави“ – рече  тогаш Марко во изјавата за ТВ магазинот „Бекстејџ“, ама откако синчето се роди, не потврди дали имало или не „мекици собиранка“!?

Слаткаристика додаде дека за него најважен медиум иако тоа во класична смисла на зборот и не е, бил Јутјуб.

„Ние не сме јутјубери, ама сепак, да не беше каналот, сите ние немаше да бидеме тоа што сме денес. Милиони прегледи? Да, имам над милион прегледи, ама тие не значат и милиони во вистинскиот живот“ – раскажа Марко пред камерата во „ТВ магазинот од зад сцената“.

Малку подоцна,  на социјалните се појави интересна фотографија која побуди голема љубопитност. Неа ја објави фолк ѕвездата Сузана Гавазова на своите Инстаграми приказни, а на фотографијата фолкерката е сликана заедно токму со „Слаткар“, додека во описот стои: „Се готви нешто со најдобриот и единствениот Слаткар!“

Слаткар на Сања Николиќ „и направи бебе“, мекици за бебето вети дека нема да прави, а што тоа (ќе) и направи на Сузана Гавазова? Требаше да дознаеме наскоро, арно ама…!

Во меѓувреме, се случи корона пандемијата и „лончињата се измешаа“, па од ветеното изненадување, се’ уште не видовме ништо. Или можеби среќниот татко сега има помалку време за творење, а многу повеќе обврски за „дворење“ на својот наследник и неговата госпожа мама?

Како и да е, Марко и остана должник… на Гавазова, а, таа на публиката, која уште го чека нивното „неисполнето“ ветување!

 

Останати вести од Радио Милева