Радио Милева
Си ја сака мама

Слаткар го покажа наследниот: Моша веќе е потпораснато момченце (фото)

Слаткар го покажа наследниот: Моша веќе е потпораснато момченце (фото)

Уште откако дојде во нивниот свет, синчето на раперот Марко Слаткар и екс-мисицата и водителка Сања Николиќ, Моша, е центарот на нивниот универзум.

Иако следбениците многупати преку коментари на социјалните мрежи побараа да видат на кого личи наследникот, познатите родители не сакаат да го изложуваат неговиот идентитет пред очите на јавноста.

Тоа е така се уште, бидејќи иако тато Слаткар често го снима наследникот, ликот на Моша се уште не сме го виделе јасно.

Овој пат, на своите „стори“ објави тато Марко го чуваше Моша додека си игра во дворот, веќе доста активно две ипол годишно детенце кое во месец април следната година ќе полни три години.

Кога го прашаа Моша кој повеќе го сака – мама или тато, одговорот бешше „повеќе мама“, на што полна со себе гордата мајка го прегрна и го бакна синчето.

Тато не беше задоволен од одговорот, но што е тука е, мама во најголем број од случаите е број еден за секое детенце, особено на таа возрат.

За потсетување, Марко и Сања се венчаа во 2014 година, а станаа родители во 2020.

фото:Инстаграм принтскрин/Слаткаристика

Останати вести од Радио Милева