Пејачката Слаѓа Алегро се породи пред неколку дена и на свет го донесе своето прво детѕе, девојче кое со сопругот Зоран му го дадоа името Мила.
Гордите родители денес ја изнесоа својата наследничка од болницата, а не можеа од лицето да ја тргнат насмевката.

Слаѓа со насмевка, но и со солзи радосници во очите откри дека Мила личи на тато, а откако се поздравија со собраните новинари, среќното семејство замина дома каде мама Слаѓа ја чекаше изненадување.

Имено, нејзината кума и приредила добредојде за Мила, а целата декорација во домот е како за принцеза.
фото:пинк.рс
Vistina.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.