Мегафон
поради тридневната жалост

Скопската премиера на „Нема да биде крај на светот“ во МНТ е помесетна за сабота

Скопската премиера на „Нема да биде крај на светот“ во МНТ е помесетна за сабота

Скопската преиера на претставата „Нема да биде крај на светот“ во режија на Нина Николиќ наместо во среда, е презекажана за в сабота, на 27 ноември, информираат од Македонскиот народен театар (МНТ).

Поради тешката сообраќајна несреќа која се случи на 23 ноември 2021 година, 23, 24 и 25 ноември се прогласени за денови на жалост. Премиерата и репризните изведби на претставата „Нема да биде крај на светот“ во режија на Нина Николиќ, кои беа закажани на 24, 25 и 26 ноември 2021 г. се откажуваат.
Новиот термин на премиерната изведба се закажува за сабота на 27 ноември со почеток во 20 часот, а репризните изведби кои беа закажани за 25 и 26 ноември се откажуваат – средствата од билетите за овие изведби на публиката ќе и бидат рефундирани, соопштија од МНТ.

Од МНТ изразуваат длабоко жалење и сочувство до семејствата на загинатите.

Скопската премиера на „Нема да биде крај на светот“ е во рамките на 46. издание на Млад отворен театар (МОТ). Премиерната изведба на претставата беше на 18 септември во Сараевскиот ратни театар – САРТР.

Во претставата играат Дарја Ризова, Саша Ханџиќ и Џана Џаниќ на македонски и на босански јазик. Претставата е во продукција на Перипетија продукција – Скопје во копродукција со МНТ и Сараевскиот ратни театар – САРТР.

Како креативни соработници се потпишуваат: костимографката Ивана Каранфиловска-Угуровска, сценографот Ангел Петровски, изборот на музиката и адаптацијата се на Оливер Митковски, (во претставата се користи и композицијата „Магдалена“ од Димитар Масевски), а соработник за македонски јазик е Ѓорѓи Јолевски.