Радио Милева
Од круг во круг до полуфинале

Скопјанката Андријана Петрушовска повторно „крена прашина“, овој пат како ангел на „Викторија сикрет“ во „Ѕвездите на Гранд“ (фото + видео)

Скопјанката Андријана Петрушовска повторно „крена прашина“, овој пат како ангел на „Викторија сикрет“ во „Ѕвездите на Гранд“ (фото + видео)

Скопјанката Андријана Петрушовска во саботното издание на актуелната сезона на музичкото шоу „Ѕвездите на Гранд“ кое е пред крајот, обезбеди влез во полуфиналето.

Со секоја нејзина појава Андријана го привлекуваше вниманието, градејќи слика за себе на модерна естрадна ѕвезда, а овој пат повторно „крена прашина“ со изгледот како ангел на „Викторија сикрет“,  само овој ангел беше на сцената на „Гранд“.

Згодната Македонка дефинитивно повторно беше една од највпечатливите учеснички која дефинитивно знае како да го истакне сиот свој сексапил со кој покрај пееето, ги „купува“ и гласовите жирито и симпатиите на публиката, па така од круг во круг, стигна до полуфинале.

Со одлична изведба на песните „Ја волим свој грех“ и „Инсомниа“, Андријана освои пет од вкупно шест гласови на жирикомисијата и со тоа беше кандидат за во бараж од каде всушност беше избрана да влезе во полуфиналето.

Нејзиниот против кандидат Нермин Ханџиќ ги освои сите гласови од жирито, а за нејзиното пеење, особено и изгледот, таа доби само позитивни коментари.

„Мислам дека требаше да добиеш шест гласови, стојам позади тоа. Можеби очекуваа да играш, но песните кои ги пееше воопшто не се лесни“ – беше коментарот на Цеца.

„Знам колку треба храброст за ова, супер беше, идеална беше“ – кусо искоментира Мили.

Исто така и пејачката Снежана Ѓуришиќ кажа убави зборови за нашата Андријана.

„Оваа Македонка е една таква пејачка што боли глава. Очекував ова од тебе, одлична пејачка си. Перфроманс одличен, верувам дека ќе одиш понатаму, бидејќи би било глупо ако не идеш понатаму“.

фото-видео”Инстаграм/Анријана Петрушовска

Останати вести од Радио Милева