Промотер

Скопјанката Андреа продолжува да „гази“ по светските топ листи со – „Choose My Way“ (ВИДЕО)

Скопјанката Андреа продолжува да „гази“ по светските топ листи со – „Choose My Way“ (ВИДЕО)

Петтиот сингл на македонската пејачка Андреа, „Choose My Way“ излезе на 27-ти август. Овој пат Андреа допира до тинејџерите со една помрачна, подлабока електро-поп балада, во која ќе се пронајдат младите, но и повозрасните. „Choose My Way“ се одликува со подлабока текстуална софистицираност за младата артистка и ги истакнува влијанијата на соул и RnB музиката.

Откако се појави на сцената, Андреа успешно се пробива и на светските топ листи. Светски познати блогови пишуваа позитивни критики за нејзините вокални способности, нејзините песни како и за нејзиниот уникатен пристап кон музката. Нејзините синглови „I Know“, „I Don’t Know Your Name“, „Betting on You“ и „Heartbreak“ се емитуваа на преку 200 радио станици низ целиот свет во над 40 земји, вклучувајќи ги САД, Велика Британија, Германија, Холандија, Италија, Швајцарија, Норвешка, Франција, Мексико, Канада, Сингапур, Јужна Африка, Грција, Бугарија и други.

Композитори музички продуцент на новата песна на Андреа е одново Александар Масевски, стиховите ги напишале заеднички тој и Андреа Коевска, додека мастерингот му е доверен на Darius van Helfteren.

Видеоспотот кој следи песната е искреиран и продуциран од Ени Вучидолова (2 by 4 Group)

Проследете како звучи „Choose My Way“ од анимираното лирик видео во продолжение: