Радио Милева
од нарко дното, до ријалити ѕвезда...

Скандалозни снимки на учесничката во „Задруга 5“: Дениз Дејм „шмрка бело“! (ФОТО)

Скандалозни снимки на учесничката во „Задруга 5“:  Дениз Дејм „шмрка бело“! (ФОТО)

Актуелната учесничка во тековната сезона на реалниот ТВ формат „Задруга 5“,  словенечката старлета Дениз Дејм, продолжува од ден на ден целосно да ја шокира јавноста со своите изјави и искрени признанија, без никакво двоумење или „филување“ и поради тоа ја доби поддршката и освои срцата на многумина. Таа моментално, без сомнене е една од најкоментираните учесници, заради нејзиниот бурен и целосно хаотичен живот и настаните во него.

Иако е млада и има само 25 години, врз основа на нејзиниот досегашен живот и бројните скандали во него, веќе може да се напише сценарио за  филм, со оглед дека преживеала неверојатни работи.

„Дениз тогаш живееше во Лондон, се забавуваше со моќен бизнисмен, кој тогаш беше во брак и тој ја врати на „стариот пат“, поточно во деструктивниот живот“ – вели близок извор на учесничката на „Задруга 5“ и открива дека него го запознала на една од забавите. Потоа тој исклучитело добро материјално ја  обезбедил, па таа живеела луксузно и имала пристап до неговите пари и банкарски сметки и картички, што дополнително ја привлекло и ја вовлекло во разни неморали и бурен ноќен живот.

„Тој на Дениз и даде кредитна картичка за да може да троши за облека, естетски зафати, излегување и се друго“. – посочува изворот.

Меѓутоа, таа влета во вистински пекол во тие години од животот кога загази во дрога поради лошото момче, а поттикнувач на прекинот нивната врска беше нејзиното барање и желба конечно да се ослободи од дрогата. Во тој период, таа беше на работ на бездната и на дното, изгуби на тежина и целосно го промени своето однесување.

„Раскинаа затоа што Денис сакаше да се ослободи од дрогата“ – објаснува изворот и додава дека Дениз Дејм, откако раскинала со него, целосно се поосветила на себеси и конечно одлучила да замине на лекување.

„Се излечи со помош на АА И НА програмата во Лондон, ништо од тоа повеќе не ја привлекува и сега се обидува да води здрав начин на живот, и пресреќна е што ја доби таа битка“ – завршува изворот за Еспресо.рс

Фотографиите се изваден од објавеното контроверзно видео каде Дениз ја спушта главата кон мијалникот и шмркајќи повлекува бела линија.

Фото: Инстаграм принтскрин/denisedameofficiel/Espreso.rs

Останати вести од Радио Милева