Радио Милева

Скандал на крштевката на децата: Таткото на Бекам побеснел поради она што го направиле синот и снаата!

Скандал на крштевката на децата: Таткото на Бекам побеснел поради она што го направиле синот и снаата!
фото:профимедиа

Викторија и Дејвид Бекам ги крштеваа ќерката Харпер и најмалиот син Круз, но на церемонијата се случил неочекуван скандал.

Кумови на децата Бекам беа актерката Ева Лонгори, пејачот Марк Ентони, фризерот Кен Павес и спортскиот агент Дејвид Гарднер, а Викторија за фотографијата од крштевањето порача дека не може да биде повеќе горда на своите деца и повеќе благодарна на нејзиното семејство и кумовите.

Сепак, иако сè изгледаше совршено, странските медиуми пишуваат дека атмосферата била нарушена од скандалот кој го направил таткотона Дејвид Бекам, Тед Бекам.

фото:инстаграм

Тој бил навреден што Викторија и Дејвид не ја поканиле ќерката на неговиот партнер Хилари Меридет на гламурозната забава што ја организираа.

фото:фејсбук

Девојката била погодена од тоа затоа што се сметала дека е важен член на семејството. Тед се обиде да ги убеди Викторија и Дејвид да ја повикаат, но сепак тие одлучиле дека нема место за неа.

Останати вести од Радио Милева