Радио Милева
казино даса

Сите знаат дека Милојко и Миљана се најконтроверзната двојка заради разликата од 53 години, ама никој не знае дека „младичот“ му бил десна рака на Аркан

Сите знаат дека Милојко и Миљана се најконтроверзната двојка заради разликата од 53 години, ама никој не знае дека „младичот“ му бил десна рака на Аркан

Милојко Божиќ (74) и Миљана Богдановиќ (21) најконтроверзниот пар во Србија, за кој пишуваат и странските медиуми, откако тие влегоа во реалнот шоу „Парови“.

Милојко, највозрасниот младоженец покрај убавиот имот во родното Пилотиќи има стан во Белград, поточно во Нов Белград, а сега има шпекулации дека тој ќе и припадне на младата „невеста“.

Милојко ја раскажа својата животна приказна во шоуто на Миломир Мариќ и откри како тој убаво свири хармоника, но и дека 15 години работел по најпознатите белградски казина.

„За казината може да зборува, но жените не!“ – била децидна Миљана, чиј Милојко некогаш работел во едно од првите белградски казина каде што нон-стоп доаѓале таканаречените „жестоки момчиња од белградскиот асфалт“, вклучувајќи го и Кристијан Голубовиќ, иако самиот Милојко не сакал да зборува многу за тоа.

„Јас некогаш бев ѕвезда. Свирев во казино тука во Белград,  и во хотелот Југославија, во кој беше првото казино Метропол. Цели 15 години работев со нив. Сите доаѓаа таму… Од Чента до Кристијан … Се сеќавам кога Кристијан дојде да ме праша дали може да се скрши рачката, а јас го прашав газдата и тој му дозволи… Сите тие ме сакаа и јас не се плашев од нив. Бев добар со нив“ – му раскажал на Мариќ, Милојко Божиќ.

Милојко, тврди дека работел и во казиното во сопственост на Жељко Ражњатовиќ – Аркан кај кого се здобил со голема доверба, па  дури бил и главен во коцкарницата. Постојано се дружел со опасните момчиња од белградскиот асфалт, но навреме се вратил во своето родно село.

Останати вести од Радио Милева