Радио Милева
Сите мои слики

Сите соништа на „малечката невеста“: Пејачката Теа Трајковска низ неколку фотографии од детството „протрча низ животот“ (ФОТО)

Сите соништа на „малечката невеста“: Пејачката Теа Трајковска низ неколку фотографии од детството „протрча низ животот“ (ФОТО)

Македонската поп пејачка Теа Трајковска покрај талентот за музика, е вистинска убавица. Тоа несомнено многупати досега го докажала.

Но, ако се прашувате на кого е толку убава, русокоста се погрижи самата да ви ја открие тајната. И тоа сликовито… Впрочем, со неколку фотографии од детството, Теа  „протрча низ животот“… Оној досегашниот, а понешто наговести и како треба да го живее од оној – идниот.

Кога веќе ја спомнавме убавината, пејачката покажа од кого ја наследила. А од кој друг, ако не од мама… Нејзината мајка, на која Теа е речиси идентична копија. Доказ – фотографијата кога мајка и била млада, а пејачката како бебе тукушто родена во нејзините раце.  Копија – верна на оригиналот.

Дека не била русокоса отсекогаш, ама сепак била слатко малечко девојченце, Теа Трајковска покажа на следната фотографија сликана со нејзиното братче на нечија свадба.

Невестинското фустанче, мора да признаете,  преубаво и стои уште од девојче!

Впрочем, уште од малечка си замислувала како таа ќе изгледа како невеста и нејзината свадбена венчаница…

Она:  „тне future“ (иднина)… Теа не појаснила дали оново се однесува на свадбата или можеби на нејзиниот потенцијален подмладок на нечија идна свадба?

Ама затоа покажала кој се најслатки, односно најсакани личности во нејзиниот живот…

И конечно, свадба како свадба, ама очигледно Теа тогаш не мислела само на својата приватна туку и на професионалната иднина, која како што тогаш си зацртала, денес ја остварила… Со тоа што еден ден кога ќе порасне и стане пејачка, ако на свирка и ја побараат новата песна од Милица Павловиќ на пример, стравот и е оправдано неоправдан… „Проверено“!

Конечно, на крајот од прелистувањето на спомените преку „сите мои слики“ што и дојдоа при рака, Теа Трајковска  не претскажа како гатачка, туку само потврди дека иднината секој сам си ја планира, својата среќа сам си ја кова… Се разбира ако се’ биде како што треба. А кај Теа барем засега, се’ оди по планот… Без направени, некои особени „гревови“!

Остануваат уште оние свадбени соништа на некогаш „малата невеста“ Теа Трајковска…

За денес кога ќе дојде денот, како голема и зрела мома да и се остварат!

Фото: Инстаграм принтскрин/theatrajkovska

 

 

 

Останати вести од Радио Милева