Радио Милева
стари модни идеи

Сите се воодушевуваат на нејзиниот стил: Зошто Никол Кидман најде инспирација во плакарот на Ким Кардашијан?

Сите се воодушевуваат на нејзиниот стил: Зошто Никол Кидман најде инспирација во плакарот на Ким Кардашијан?

Ако некогаш ви снема стилска инспирација, секогаш можете да барате нови идеи во плакарот на Ким Кардашијан, исто како Никол Кидман. Тоа, се разбира, не значи дека секогаш ќе биде полн погодок.

Никол Кидман на модната недела во Париз се појави во црно боди и фармерки со висок струк, носејќи ја црната маска за очи „Balenciaga“ во форма на машна, а нејзиниот стил изненади многумина.

Ким Кардашијан една година порано се шеташе носејќи ги истите наочари, а исто како и познатата актерка носеше црн комплет.

 

По објавувањето на овие фотографии, коментарите не престануваат на кого подобро изгледаат овие очила и која од овие две ѕвезди ги носела подобро:

„Ова е тотално Ким Кардашијан стил“, „Хмм, не знам, сепак Ким прва ги носеше…“, „Зошто некој би сакал да копира старлета?“.

Наочарите се одличен модел и се многу популарни, но не се најдобро решение за Никол.

Инаку, Никол неодамна откри дека успеала за време на нејзините почетоци во Холивуд благодарение на нејзините пријатели, актерите Хју Џекмен и Дебора Ли Фурнес, кои и понудиле сместување кога таа пристигнала од Австралија на актерски аудиции. Таа спиела на нивниот кауч, а за тоа и до ден денес е многу благодарна.

„Дебора беше една од моите најдобри пријателки. Јас спиев на каучот во нејзината изнајмена куќа, а таа секогаш ми нудеше место за престој кога требаше да одам на аудиција. Тогаш беше скапо, не можев да си дозволам хотели, па идејата да станеме цимери беше навистина одлична“, изјави неодамна Кидман, пренесува Daily Mail.

Како ви се допаѓа ова издание на Никол Кидман?

Фото:Принтскрин/Профимедиа/поп шугар

Останати вести од Радио Милева