Во среда, 29.11.2017, во МКЦ Клуб & Ресторан со почеток во 20 часот ќе се одржи промоцијата на новото ЦД на групата Синтезис, „Остров“, како и промоција на нивната монографија „Синтезис – Патување низ музичкото време“.


Монографијата „Синтезис – Патување низ музичкото време” ја одбележува 20-годишнината од постоењето на групата. Нејзин автор е Милан Банов. Подготовката и дизајнот се на Горан Атанасовски. Издавач Интермедиа. За групата Синтезис во монографијата пишуваат и Оливер Белопета, Михаил Ренџов, Владимир Мандичевски, Бранка Костиќ-Марковиќ, Венко Андоновски и Елени Новаковска.
Vistina.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.