Радио Милева
„Вести од светот“

Синот на Весна Петрушевска славеше матура во Америка, а таа како горда мама на сите им покажа каков згоден млад убавец има (фото)

Синот на Весна Петрушевска славеше матура во Америка, а таа како горда мама на сите им покажа каков згоден млад убавец има (фото)

Актерката Актерката Весна Петрушевска во месец јули 2020 година откри дека нејзиниот син Кирил одлучил да замине во Америка кај неговиот татко Јанко и таму да заврши гимнација и да го продолжи образованието.

Тогаш таа во објава на социјалните мрежи напиша дека и е многу тешко што мора да ја прифати неговата одлука, но и да му понуди подобра опција.

„Броиме ситно со Кирил кој ќе оди во Хјустон за да заврши гимназија и факултет. Тој е едно од децата кои сакаат да го освојат светот. Безброј пати го прашував дали е сигурен и секогаш без двоумење одговара потврдно. Немам подобра опција да му понудам во овие луди времиња. Не прашувајте, срце ми се кине. Убав на мајка. Го гушкам, плачам ко некоја задушна баба секој ден, а он ми вика: „Мамо, мислев умрел некој, ме исплаши“, напиша тогаш Петрушевска на „Фејсбук“.

Оттогаш поминаа речиси две години, а Кирил стигна до матура.

Дотеран и стокмен во костум како што е ред позираше насмеан и среќен, а мама горделиво ги сподели фотографиите од својот убав матурант.

„Лејдис енд џентлмен Кики отишол на матура и уредно се вратил дома од вестите во светот „нејви блу“ љуби га мајка“, пишува Весна.

Таа откри и дека нејзинот син е свесен за предизвиците и сака да биде од оние млади кои го освојуваат светот, а ние му посакуваме секоја намера да му стане лесно остварлива реаност од која ќе биде задоволен.

фото:Инстаграм/Весна Петрушевска

Останати вести од Радио Милева