Радио Милева
тажно сеќавање на среќните денови

Синот на славниот кошаркар беше најголемата љубов на покојната пејачка: Осамнаа заеднички фотографии на Звездан Славниќ и Ксенија Пајчин (ФОТО)

Синот на славниот кошаркар беше најголемата љубов на покојната пејачка: Осамнаа заеднички фотографии на Звездан Славниќ и Ксенија Пајчин (ФОТО)

Звездан Славниќ влезе во реалното шоу „Задруга“, а малкумина го паметат по врската со покојната пејачка Ксенија Пајчин. Ксенија го загуби животот пред 12 години кога ја уби нејзиното тогашно момче Филип Каписода. Она што малкумина паметат е дека една од најголемите љубови на Ксенија е всушност синот на легендарниот кошаркар Зоран Мока Славниќ, Звездан Славниќ.

Звездан истакна дека Ксенија е неговата најголема детска љубов.

„Тоа беше најголемата детска љубов, таа имаше 17 години, јас 16 години. Бевме заедно една година, а потоа сето тоа се одолговлекуваше. Мојата најголема детска љубов“ – изјави Звездан во емисијата „Претрес на неделата“.

„Се сретнавме можеби два – три пати. Излегувавме за викенди, разговаравме околу еден час… Кога се видовме, повеќе молчевме отколку што разговараме… Ксенија беше посебна… Девојка полна со енергија, гордост, се најдобро што може да се каже за неа. Другар, за*ебант, супер лик“ – рече Славниќ.

На една страница на Инстаграм сега се појавија фотографии од периодот кога двајцата се забавуваа.

Првата фотографија е од промоцијата на нејзиниот прв албум.

Исто така, се појави фотографија од Ѕвездан, заедно со неа и нејзините тогашни соработници. Покрај оваа, има и нивна заедничка фотографија на која делуваа среќно.

Фото: Јутјуб и Инстаграм принтскрин/Задруга 6/ksenija_pajcin

 

Останати вести од Радио Милева