Радио Милева
имала неколку тетратки

Синот на Марина Туцаковиќ откри дали оставила тефтер со должници

Синот на Марина Туцаковиќ откри дали оставила тефтер со должници

По смртта на Марина Туцаковиќ се појавија шпекулации дека оставила тефтер  во кој запишувала кој од познатите купил песна од неа, кој платил, кој плаќал на рати, но и кои останале должни и не платиле.

Синот на Марина, Милан Лача Радуловиќ сега откри дали постои таа тетратка во која наводно текстописецот ги напишала имињата на познатите кои и останале должни.

„Мајка ми има само тефтер со запишани песни, броеви од мобилни телефони и список за пазар. Мајка ми не беше материјалиста, колку и да ги сакаше материјалните работи. Воопшто не постои список со должници“ вели Лача.

Тој додава дека текстописацот многу песни и напишала бесплатно

„Таа некои песни ги напиша бесплатно, само од љубов и добра желба. Таа беше жена која беше подготвена да прости и не беше злопамтило. За неа сите беа добри“.

Лача вели дека тој и Марина заедно напишале неколку хитови меѓу кои и „Адио аморе“  и истакнува дека Туцаковиќ секогаш го подржувала во неговиот талент.

-Јас уште како дете пишував состави, во второ, трето одделние. Колку темата беше поглупа, мене ми беше подобро. Јас ги читав составите на мајка ми и таа го препозна мојот талент. Често ме охрабруваше и подржуваше. Никогаш не се мешаше во мојот вкус, ниту пак сакаше да внесе свои елементи“, вели Лача

За потсетување, Марина Туцаковиќ почина на 19 семптември по борбата со опасна болест,  а беше погребена на 29 во кругот на најблсиките членови на семејството, пријатели и неколку естрадни уметници.

фото: ата имагес/инсатаграм/

 

 

Останати вести од Радио Милева