Радио Милева
вистинска љубов или само евтина приказна?

Синот на Есма, музичарот Симеон Атанасов остро ја демантиреше изјавата на Мухарем Сербезовски: „Во нејзиниот живот пред Стево Теодосиевски постоел само еден човек, но тоа не беше Мухарем“ (ФОТО)

Синот на Есма, музичарот Симеон Атанасов остро ја демантиреше изјавата на Мухарем Сербезовски: „Во нејзиниот живот пред Стево Теодосиевски постоел само еден човек, но тоа не беше Мухарем“ (ФОТО)

По написите за исповедта на пејачот Мухарем Сербезовски дека во младоста бил лудо вљубен во покојната кралица на ромската песна Есма Реџепова, а ни таа не била рамнодушна кон него, но љубовта за која наводно само малкумина знаат, не опстанала заради вообразеноста на Михарем откако слават му удрила в глава, реагираше синот на Есма, музичарот Симеон Атанасов.

Како легитимен наследник кој со своите „Еsmas band – next generation“ го продолжува делото на својата мајка, која иако не биолошка, таа него како и многу други деца го одгледала, пораснала, воспитала, научила да биде и како човек и како музичар  се’ она што е денес, Симеон за српските и македонските медиуми се огласи и остро ја демантираше изјавата на Сербезовски, за кого вели дека Есма не го поднесувала и тие двајца не биле во добри односи:

„Како дете кое живееше со Есма Реџепова речиси 40 години, и кој знае се’, сакам да демантирам дека мајка ми имала било каква врска со Мухарем Сербезовски. Не знам дали Мухарем дал таква изјава, но знам дека Есма и тој не беа во добри односи бидејќи цел живот Мухарем ги земал турските песни и ги препејувал, додека мајка ми била за пеење чисто ромски песни“ – категорично тврди Симеон и продолжува:

„Јас ја знам целата вистина, а фактите говорат за неа, дека Мухарем тогаш имал 12 години, а Есма 19 години. Зошто девојка која има 19 години и е популарна би се интересирала за дете?! Речиси 40 години од мојот живот поминав со Есма Реџепова, но таа никогаш не спомна такви глупости. Имала еден човек во животот и пред Стево Теодосиевски, но тоа не бил Мухарем Сербезовски. Ова го гарантирам, бидејќи ги знам сите тајни! Не знам од која причина, а и дали воопшто дал таква изјава, но во едно сум сигурен, а тоа е дека воопшто не бил близок со Есма, а да не кажам дека не го поднесуваше. Верувајте, ова е чиста лага“ – дециден е наследникот на кралицата на ромската песна, Симеон Атанасов.

Да потсетиме, наскоро се навршуваат пет години од смртта на големата пејачка која животот го посвети на музиката и работата, а заедно со сопругот исчува и образуваше 48 посвоени деца.

Фото: Фејсбук принтскрин/Simeon Atanasov

Останати вести од Радио Милева