Радио Милева
непростено...

Синот на Цеца и Аркан, Вељко Ражнатовиќ за прв пат проговори за одмазда: „Не можам да им простам на убијците на мојот татко“ (ФОТО)

Синот на Цеца и Аркан, Вељко Ражнатовиќ за прв пат проговори за одмазда: „Не можам да им простам на убијците на мојот татко“ (ФОТО)

На 15 јануари беше одбележана 22-годишнината од смртта на Жељко Ражнатовиќ Аркан, а неутешното семејство се собра на Новите гробишта да одржи панихида. Смртта на Аркан никогаш не е надмината, а неговите наследници ретко зборуваат на оваа тема.

Вељко во моментот на убиството на татко му имал само четири години, а иако избегнува да зборува на оваа тема, минатата година во интервју за Информер си ја отвори душата и зборуваше за најтешките моменти во животот.

„Постојано прашував каде е татко ми, а мајка ми и тетка ми не сакаа да ми кажат, но не можеа долго да ме лажат, па ми признаа дека е мртов. Тоа беше шок за мене. Тоа е шок за секое дете… За среќа, бев многу млад. Не сакам да зборувам за тоа, тоа се тешки теми, знаеме  како се чувствувавме. Веќе не можам да размислувам за неправедните работи што ми се случија. Сега останува на мене да му дадам се на моето дете, да го продолжам животот понатаму“ – изјави тогаш Ражнатовиќ, кој по тој повод првпат проговори за убијците на својот татко.

„Не сакам да зборувам за тоа јавно, но морам да признаам дека никогаш не можам вистински да им простам, иако знам дека простувањето е клучот за чисто срце. Бидејќи не можам да го направам тоа, се помирив со тоа што му го направија… Не можам јас да им се одмаздам, морам да мислам на себе, на семејството, на детето што го имам“ – говореше тогаш Ражнатовиќ.

Аркан беше застрелан од  пиштол Хеклер на 15 јануари 2000 година во хотелот Интерконтинентал. За убиството е обвинет поранешниот полицаец Добросав Гавриќ, а за ова убиство е осуден на 35 години. Тој беше уапсен во 2012 година во Јужноафриканската Република, а покрај него им се судеше и на соучесниците Милан Ѓуричиќ и Драган Николиќ, кои добија по 30 години  као извршители.

Сепак, вистинската причина и нарачателот на убиството на Аркан, никогаш не се дознаа!

Фото: Јутјуб и Инстаграм принтскрин/veljkoraznatovicfan10

Останати вести од Радио Милева