Промотер

Симона Поповска по мајчинството се враќа на сцената – „Feel so good” (ВИДЕО)

Симона Поповска по мајчинството се враќа на сцената – „Feel so good” (ВИДЕО)

По пауза од речиси година и половина на музичката сцена, нашата позната  пејачка и доктор дерматолог Симона Поповска се враќа со нова песна.
Причина за нејзиното апстинирање од музиката беше остварувањето на Симона како мајка и донесувањето на свет на синот Никола, кој е слатко и убаво бебенце кое многу личи на убавата мама Симона.

Патем, Симона е несомнено една од најубавите, најсексапилни, но и меѓу најдобрите женски вокали на нашата сцена.  До пред некоја година позната и како член на единственото денс  дуо кај нас „Саунд Месинџерс“  заедно со Дј Ерик Фокс, кои беа доста актуелни со своите настапи по клубовите низ земјава па и надвор од неа. И овој пат со заедничка соработка Симона и Ерик повторно ни подготвија убаво музичко изненадување.

Се работи за нејзиниот нов сингл со наслов “Feel so good”. Музиката е на Ерик Фокс и Рената Кралевска која е и автор на стиховите, во продукција на Ерик Фокс. Песната наскоро ќе се најде и на сите познати музички платформи како Spotify, Аppstore и тн..

Музичкото лирикс видео го изработил нашиот познат уметнички фотограф и режисер на видеоспотови  Зоран Зонде Стојановски.

Симона ни најавува уште неколку песни кои  очекува да излезат многу наскоро и се испеани на македонски и  англиски јазик. Ова значи дека Симона ни најавува комплетно враќање на музичката сцена и нејзините настапи по локалите,  клубовите и дискотеките ширум Македонија.

Дотогаш, во продолжение погледнете го видеото за песната “Feel so good” и уживајте во ритамот на денс звуците.

Фото: Јутјуб и Инстаграм принтскрин/simonapopovskaofficial/@vrzalski