Промотер

Симона Поповска наместо новогодишен подарок ви ја подарува – „За Нова Година“ (ВИДЕО)

Симона Поповска наместо новогодишен подарок ви ја подарува – „За Нова Година“ (ВИДЕО)

После песната на англиски јазик “Feel so good”,  атрактивната пејачка и докторка Симона Поповска подготви уште едно музичко изненадување по повод  Нова Година и претстојните  празници.

Се работи за специјално компонирана  новогодишна песна насловена  “За Нова Година“.

Песната е на продуцентот и Дј Ерик Фокс, додека текстот го напиша Рената Кралевска. Придружните вокали ги отпеала Рената Кралевска, а гостин на саксофон Љупчо Џедомирски.

„Драги мои, од срце ви го подаруваме ова музичко парче, сите заедно да ги сплотиме нашите желби, за подобро утре, за година без пандемија и нека биде нов почеток “ЗА НОВА ГОДИНА“ – порачува сексапилната Симона.

Уживајте во празничен дух и расположение во најубавиот дел од годината со песната на Симона Поповска – „За Нова Година“ .