Радио Милева
и секси пејачка и секси докторка

Симона Поповска изгледа во топ форма неколку месеци по породувањето (фото)

Симона Поповска изгледа во топ форма неколку месеци по породувањето (фото)

Maкедонската пејачка и докторка Симона Поповска, кон крајот на месец април 2021 за првпат се реализираше во улогата на мајка.

Таа целата своја бременост и веста за приновата ги криеше од јавноста, а тогаш на социјалните мрежи не објавуваше фотографии од трудничкото стомаче.

Веста за пристигнување на новиот член на семејството се обзнани на социјалните мрежи кога почнаа да пристигнуваат честики на сметка на пејачката.

По породувањето, Симона дури тогаш објави фотографии од трудничкото стомаче и покажа како изгледала за време на блажената состојба.

Симона и нејзиниот сопруг добија син. Отогаш пејачката ужива во мајчинските денови и во секој миг поминат со наследникот.

Пејачката е активна на социјалните мрежи, но не открива премногу приватни детали и не го покажува синчето, одвреме – навреме знае да сподели по некоја фотографија.

Овој пат, Симона во кусите приказни на „Инстаграм“ објави фотографија на која позира во кратко здолниште и розов џемпер и изгледа во топ форма само неколку месеци по породувањето.

Многу жени, тазе мајки по породувањето се борат со вишокот на килограми, а некои па немаат таков проблем, знаат и да не се здебелат во текот на бременоста.

Симона е и секси пејачки и секси докторка само неколку месеци по породувањето.

Инаку, македонската пејачка бргу по породувањето се врати на музичката сцена, па така неодамна ја објави својата нова песна „За Нова Година“.

Останати вести од Радио Милева