Радио Милева
како докторка

Симона Поповска гостинка во утринска емисија: Се очекуваше да зборува за музика, но таа не кажа ни збор – приоритетите сосема други (фото)

Симона Поповска гостинка во утринска емисија: Се очекуваше да зборува за музика, но таа не кажа ни збор – приоритетите сосема други (фото)

Симона Поповска е се почеста гостинка пред камерите во телевизија Сител.

Ако неодамна беше на снимањето на „Мерак меана“ каде изненади со тоа што пееше народно, овој пат таа беше повторно на истата фреквенција, но во друга улога.

Иако е тазе породена по вторпат, Симона не мирува и е активна повеќе од кога било.

Овој пат се појави на утринската емисија „Ја сакам Македонија“, а гледачите од нејзиното претставување очекуваа дека ќе зборува за музика, но таа за тоа не кажа ниту збор.

Имено, таа беше гостинка како докторка, нејзината примарна титула и професија на која е секојдневно посветена.

Темата беше нега на кожата во студените денови, па гледачите имаа можност да ги слушнат советите од доктор дерматолог кој сугерираше и советуваше што е добро за нашата кожа.

Облечена во елегантно издание, едноставно пуштена коса и минимална шминка, па отсега гледачите за понатаму ќе знаат дека Симона може да очекувате да ја гледате и како докторка со своите дерматолошки совети, а не само како пејачка.

фото:Принтскрин ТВ Сител/Инстаграм

Останати вести од Радио Милева