Есента за пејачите е вистинското време за промоција на нови песни, па така и за за Симона Попоска. По малата пауза заради свршувачката, таа се враќа со емотивната балада насловена „Сама“, која е дело на Иле Спасев (музика и аранжман) и Даниела Хаџи -Тоневска (текст), додека придружните вокали ги отпеал Панче Касапски.
„Освен видеото, можам да Ви најавам за брзо време уште еден сингл во сосема поразличен стил од овој“ – изјави неодамна Симона, промовирајќи го аудиозаписот на песната „Сама“, која можете да ја слушнете во продолжение:
Vistina.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.