Радио Милева
Дружба мајка-ќерка

Силви Плевнеш во ноќен живот заедно со ќерката Деа – ексцентрична и впечатлива на прв поглед (фото)

Силви Плевнеш во ноќен живот заедно со ќерката Деа – ексцентрична и впечатлива на прв поглед (фото)

Од содржните на Вистина.ком.мк, досега сте прочитале многу за децата на познатите, како на оние од регионот и светот, но исто така и за нашите Македонци. Една од нив е и Деа Плевнеш, ќерката на Силви и Влатко или познатите „Силви бенд“.

Деа живее во Холандија каде дипломираше џез тапани, работи и како диџеј, свири како перкусионист во „Перија“, а голема љубов и е јогата и медитацијата.

Додека траеше карантинот во Македонија поради корана пандемијата, Силви своевремено изјави дека заедно со Деа се посветени на јогата и медитадијата, се разбира со заедничка онлајн дружба на релација Скопје-Амстердам.

Но, деновиве мајката и ќерката уживаат со заедничките непосредни моменти.

Силви и Деа беа заедно во скопскиот „Филхармонија бар“ каде најчесто се случуваат свирки во живо, па мајката и ќерката решија да поминат заеднички моменти.

Фотографијата се најде на Фејсбук страницата на споменатиот бар, а од истата може да се види дека Деа го задржала својот еклектичен стил, особено необичната фризура и пирсовите. Мама Силви пак беше пооедноставна, онаква каква ја познаваме, овојпат во елегантна комбинација и едноставна фризура.

Тато Влатко овој пат не беше фатен во кадар, но Силви и Деа сигурно му пренеле впечатоци.

фото:Фејсбук/Филхармонија Бар/Деа Плевнеш

Останати вести од Радио Милева