Радио Милева

Силвестер Сталоне обвинет за силување!

Силвестер Сталоне обвинет за силување!
Foto: Profimedia

Американското обвинителство отвори истрага за да утврди дали има основа актерот да биде кривично гонет поради пријавеното наводно сексуално злоставување минаната година.

-Мојот клиент категорично го одрекува обвинението, вели адвокатот на Сталоне Мартин Сингер за Си-ен-ен.

Неверојатно е дека полицијата ја објави оваа информација, бидејќи ја тера јавноста да помисли дека е вистина, додава адвокатот.

Сингер вели дека жената која го обвинува со актерот била сп разумна врска во 80-тите.

-Не е нормално да се трудиш да уништиш некого на ваков начин, завршува адвокатот на славниот актер.

Останати вести од Радио Милева