Радио Милева
„случајна“ сличност?

„Швалерката“ на Тошиќ, ја провоцира Карлеуша: Дизајнерката Ана која ја поврзуваат со Душко, комплетно ја ископира Јелена? (ФОТО)

„Швалерката“ на Тошиќ, ја провоцира Карлеуша: Дизајнерката Ана која ја поврзуваат со Душко, комплетно ја ископира Јелена? (ФОТО)

Неодамнешната вест дека Душко Тошиќ наводно ја изневерува Јелена Карлеуша со поранешната сопруга на пејачот Предраг Јовановиќ – Близанац,  како бомба одекна во медиумите.

Според српски „Курир“, фудбалерот и дизајнерката на костими за капење Ана Јовановиќ се гледаат веќе една година и честопати користат прилика времето да го  поминуваат заедно. По повод овие обвинувања, Ана сподели свои објави на социјалната мрежа Инстаграм, а потоа и сопругата на Тошиќ, Јелена Карлеуша се огласи со свој став.

Карлеуша и Јовановиќ ги демантираа гласините, а Душко Тошиќ досега не се огласи по овој повод.

Вчера, 25 март 2021 година  дизајнерката објави фотографија од Малдивите на која е облечена во костим на сирена. Популарната страница „srbija.v.i.p“ на социјалната мрежа Инстаграм ги сподели објавите на Ана и Карлеуша во исто издание.

Пејачката носеше костим со опашка со перки како сирена во јули минатата година, додека Јовановиќ тоа го направи вчера.

Бројни домашни, па  и странски личности ги копираат комбинациите на Карлеуша, но бидејќи тоа го стори Ана, жена која некои медиуми ја поврзуваат со сопругот на пејачката,  следбениците на Карлеуша тоа го окаректиризираа како  обид  на Ана со својата постапка да ја испровоцира Јелена.

Впрочем ова не ниту прв пат дизајнерката да направи сличен потег како пејачката или да сподели фотографии во слична поза!

Случајна сличност или намерна провокација? Останува загадочна дилема за размислување на загрижената нација!

Фото: Инстаграм принтскрин/srbija.v.i.p/anajovanovic1/karleusastar

Останати вести од Радио Милева