Љубов и Секс

Што жените прво забележуваат кај мажите, а што мажите кај жените?

Што жените прво забележуваат кај мажите, а што мажите кај жените?

Постојат бројни теории на оваа тема. Антрополог од Универзитетот во Оксфорд, Ана Машин, при собирањето податоци за нејзината книга „Зошто сакаме“, дошла до интересен заклучок.

Резултатите од ова истражување покажуваат дека жените прво кај мажите гледаат на обемот на рамената и половината. Пожелно е рамениците да бидат широки, да формираат таканаречен триаголник, така што струкот е потесен. Она што го сака понежниот пол е машкото лице да биде симетрично. Тоа е знак за добри гени и показател дека може да ја заштити својата сопруга и да биде посветен на семејството.

Припадниците на посилниот пол ги забележуваат колковите кај жените. Обликот на песочен часовник е најидеален. Тесниот струк и широките колкови укажуваат на тоа дека жената е здрава и плодна.

Овој експеримент е направен во Тексас во 2015 година, а тие покажале дека фокусот и на мажите и на жените е најпрвин на стомакот, односно пределот на дијафрагмата. Ова истражување тврди дека при изборот на потенцијален партнер, обемот на половината и колковите се едни од првите информации што ги обработува нашиот мозок.

извор:попара.мк