Живот и Стил

Што треба да направите ако добиете напад на паника на работа

Што треба да направите ако добиете напад на паника на работа

Aнксиозноста и паниката се вообичаени и можат да имаат далекусежно влијание врз квалитетот на животот. Според „Хелт24“, паничното растројство се карактеризира со појава на повторени напади на паника, во траење од неколку секунди до неколку минути, а кои се доживуваат како исклучително застрашувачки и непријатни.
Некој кој страда од напад на паника е преоптоварен со интензивно чувство на страв. Во текот на нападите на паника луѓето имаат реален ризик од срцев удар, а во екстремни случаи, постои шанса и да полудат.

Симптоми на напад на паника вклучуваат срцебиење, болка во градите, вртоглавица, зашеметеност, гадење, чувство на гушење, отежнато дишење, трнење или вкочанетост во рацете, наплив на топлина и страв од губење на контрола.

Ако дојде до анксиозност или напад на паника на работа, во продолжението прочитајте што треба да се направи.

Прифатете ја вашата состојба и препознајте ги симптомите

Препознајте ги знаците, кои упатуваат дека наскоро ќе добиете паничен напад. Симптоми на претстојниот паничен напад може да вклучуваат недостаток на здив, гадење и срцебиење. Едноставно кажете си себеси дека се чувствувате вознемирено, но исто така имате контрола врз ситуацијата.
Фокусирајте се на вашето дишење

Бидете свесни за начинот на кој дишите. Дишете полека, но длабоко преку вашиот нос и издишување преку устата, обидувајќи се така да ја успорите работата на срцето. Овие совети за правилно дишење може да ви помогнат.

Дај си себеси простор

Кога се чувствувате совладани со оваа состојба, одете во најблиското купатило и полека измијте се. Обидете се да се извлечете од моменталната ситуација, која ви предизвикала стрес, може да ви помогне да добиете поинаква перспектива. Алтернативно, можете да излезете надвор или да одите и да седите во салата за состаноци поради приватност.

Користете ги вашите сетила

Фокусирајте се на нешто што можете да го допрете, мирисате, почувствувате или вкусите. Ова може да ви помогне да се фокусирате на нешто друго, не на симптомите на нападите на паника.

Кратка прошетка

Ако е можно, во зависност од вашата околина, кратка прошетка околу зградата во која што работите може да помогне да се ублажи чувството на паника.

Побарајте стручна помош

Разговарајте за својата состојбата со психијатар или друг лекар кој може да сотави план за лекување, кој може да биде комбинација на лекови и когнитивната терапија.
Искористете ги предностите на работното место

Работните средини се различни, но важно е да се истакне дека на прво место секогаш треба да ви биде здравјето. Кажете му на вашиот колега или шеф за вашата ситуација и искористете ги предностите што ги нуди работното место. Некои работни средини нудат флексибилно работно време, работење од далеку и советување на лице место, што може да биде од голема корист ако страдате од анаксиозност или паника.

извор: денешен.мк