Радио Милева
и на сцена и на приколка

„Што ти даде Господ“: Панчо – ДНК покажа дека не му недостасува „редовна тезга“ (ФОТО)

„Што ти даде Господ“:  Панчо – ДНК покажа дека не му недостасува „редовна тезга“  (ФОТО)

Естрадниоит живот колку е сладок, толку е суров, колку и да изгледа убав, толку е и тежок, колку што може добро да се заработи, за миг може и се да се изгуби, па дури и она највредното… Живот на тркала, во постојана трка со времето, конкуренцијата и вкусот на публиката… Растргнати помеѓу желбите, можностите и околностите, животот на естрадните уметници, воопшто не е розов како што навидум изгледа.Растежите и падовите се дел од него, хитовите и промашувањата исто така, настапите за паметење и борбата за „тезга повеќе“ – вечни…
Токму сето ова, како мал дел, како мала илустрација од тоа што значи естрадна кариера и тоа речиси две децении, македонскиот ар ен би артист и ДЈ Панчо – ДНК или ДЈ Шорти, како сакате, го сведе на НЗС во неколку реда на социјалните мрежи па напиша:

„18 години се брзам како диџеј и промотор во оваа сурова игра. Многу жртви, пот, крв, солзи, добри и лоши моменти…. Илјадници километри по патиштата.
Стекнав многу пријатели кои стануваат семејство, многу непријатели, фанови и хејтери.
Тоа е само дел од играта и да, никој не рече дека ќе биде лесно, но ако некогаш се  пак се родам и треба да изберам што да правам во мојот живот, ќе го направам истиот избор. Ова е она што сум јас, ова е мојот ЖИВОТ.
<Го сакам тоа и ќе го правам сè додека срцето не застане.
Благодарност до сите вас кои ме поддржувавте низ целата моја кариера.
Моето семејство @sureshotz_mk, навистина ве сакам сите.
На оние кои секогаш се обидуваа да ме турнат надолу, вие сте моја вечна инспирација и ве сакам повеќе отколку што можете да ме мразите.

Но, Панчо не би бил тоа што е да не таков каков што го дал Господ… Без срам да ја работи било која работа. Затоа, иако можеби на „шега“, со најновата фото објава сите ги насмеа, но во суштина испрати и една поинаква, многу силна порака:  Панчо – ДНК покажа дека не му недостасува „редовна тезга“!

Ако не онаа на сцената, тогаш тука е онаа пазарската… На приколката полна со зрел бостан!
Впрочем, Панчо добро знае дека лубеницата е како жена: Колку и да ја бираш, на крајот го добиваш она… Што ти даде Господ!

Фото: Инстаграм принтскрин/djshortypofficial

Останати вести од Радио Милева