Промотер

Што се случува кога среќата ќе добие „отказ“… Сања Барбика има – „Доказ“ (ЛИРИК ВИДЕО)

Што се случува кога среќата ќе добие „отказ“… Сања Барбика има – „Доказ“  (ЛИРИК ВИДЕО)

Пејачката Сања Цинцева – Барбика деновиве во јавноста ја претстави својата нова песна насловена „Доказ“. Испеана е на српски јазик и иако првично било планирано да се сними видео за неа, поради пандемијата со коронавирус, снимањето била приморана да го оддложи, па песната е визуелно проследена само со лирик видео.

„Почитувани пријатели и обожаватели, со вас ја споделувам мојата нова песна „Доказ“. Оваа тема подолг период е готова, но чекав соодветен момент за да направиме добар спот. Поради Ковид-19 ситуацијата не ни се пружи добра прилика за добар спот, па затоа решив во ова лошо време да ја промовирам без видео, се’ со цел да ве расположам и да ви ги отргнам мислите од негативни работи. Уживајте во песната и се надевам дека ќе ви се допадне. Ве сака Сања – Барби и не заборавајте да се чувате и пазите, не чекаат одлични настапи и забави после вирусот!“ – напиша сексапилната струмичанка на социјалните мрежи.

Инаку, оваа тема ја потпишуваат српските композитори Марко Дрежњак и Драган Стрелиќ со кои барби соработуваше изминатиов период.

Еве се случува кога среќата ќе добие „отказ“… Сања Барбика има – „Доказ“: