Живот и Стил

Што му се „врти во глава“ на маж додека заведува жена?

Што му се „врти во глава“ на маж додека заведува жена?

Заведувањето е појава која има импликации кај многу видови од животинскиот свет, но се чини дека процесот е најкомплексен кога се работи за човечкиот род.

Заведувањето често се идентификува со зборови како – кокетирање, додворување или флертување, но секој од овие зборови има различни значења, потекло, примена и контекст.

Неколку аспекти на заведувањето:

Игра

Моментот на игра, натпревар и надмудрување е мотив луѓето да се впуштат во заведувањето. Заведувањето значи игра од натпреварувачки карактер во кој оној што е заведуван е предизвик што треба да се дофати.

Психолошки аспект

Во филозофијата и психологијата често се употребува терминот „синдром на Дон Жуан“. Дон Жуан е инаку лик од книжевноста околу кој се врти мит дека бил опседнат со заведувањето.

Заведувањето на душите на жените било ужиток за Дон Жуан, но тој брзо ги густирал и често преминувал на нова жртва бидејќи за него заведувањето било цел по себе.

Кога доаѓал до фаза да ги освои жените, престанувал мотивот да се продолжи кон нова фаза.

Антополошки карактер на заведувањето

Човекот има комплексен систем на знаци, фрази и начини преку кој влегува во одисејата на заведувањето.

Човековиот вид има изработено посебен тип на јазик кој се користи наменски за заведувањето и кој се разликува од сите други системи на заведување.

Во одредена смисла може да се каже дека заведувањето е „специфична разлика“ на човекот.

Социо-културен карактер на заведувањето

Заведувањето е различно во зависност од генерација, соио-културно милје на припадност, уверувања, образование и др.

На пример романтичарите има поинаков начин на заведување – со подарување на цвеќиња, изјави на љубов, поезија и идеализација.