Мегафон
истражување

Што го привлекува вниманието на младите на социјалните медиуми?

Што го привлекува вниманието на младите на социјалните медиуми?

Во екот на технолошкиот развој и комуникација на прво место се секако социјалните медиуми. Многу од нив се дел од секојдневието на младите генерации. Eдна од најважните цели која е заедничка за секоја содржина е да се привлече внимание на што е можно повеќе читатели и да се сподели меѓу различни групи на луѓе.

Токму тоа беше поттик за две студентки од ФИНКИ да направат истражување на тема – Што го привлекува вниманието на младите на социјалните медиуми?

За таа цел спроведоа анкета на повеќе испитаници и разговараа со стручно лице кое има долгодишно искуство во интернет рекламирањето. Преку овие активности дојдоа до интересни заклучоци.

“Содржината зависи од производот кој комуницира и најголем ефект имаат видео содржините во кои треба да се запази приказната на брендот. Младите денес комуницираат визуелно, па така вниманието најмногу го привлекува впечатливиот наслов, добрата комбинација на бои и слики кои се придружени со текстуални пораки” – велат тие.