Љубов и Секс

Што е Јапанди стил? Во 2022 година ќе биде водечки тренд во уредување на ентериерот – еве како да го постигнете тоа

Што е Јапанди стил? Во 2022 година ќе биде водечки тренд во уредување на ентериерот – еве како да го постигнете тоа

Еден од главните трендови во ентериерот во 2022 година ќе биде популарниот Јапанди дизајн.

Јапанди стилот е скандинавско-јапонска мешавина за дизајн на ентериерот. Многу е минималистички, внесува природни елементи во просторот, со природна светлина, растенија и чисти и едноставни линии.

На прв поглед Јапонија и Скандинавија немаат многу заеднички работи, но кога станува збор за елементите во дизајнот тие се исклучително слични.

Естетиката се фокусира на едноставност, природни елементи и удобност.

Кои се елементите на Јапанди?

Јапанди дизајнот се фокусира на минималистички дизајн кој естетски е удобен, но и многу функционален.

Стилот се одликува со акцент на квалитетните и рачно изработени парчиња, исто така ќе видите многу неутрални бои и еколошка естетика.

Како да постигнете Јапанди стил во ентериерот?

Едноставност

Постојат неколку едноставни начини да се постигне Јапанди изглед. Почнете со чистење на просторот, задржете ги само оние предмети кои служат за функционалност во просторот. Минимализмот е клучен, доволно слободен простор во просторијата е секогаш добредојден.

Отворен простор

Големиот отворен простор кој го доживувате како проток на природна светлина е неопходен за постигнување на Јапанди стил. Еден од начините да го добиете овој изглед е користење на низок мебел.

Квалитет над квантитет

Помалку е повеќе во домот во Јапанди стил. При избор на додатоци и мебел се предложува ограничен избор на функционални парчиња.

Неутрална палета на бои

Бирајте топли, неутрални бои кога станува збор за Јапанди естетиката. Беж, крем и камени бои се одличен и најдобар избор.

извор: кармин.точка.мк