Радио Милева
ја отвори душата

Шокантна исповед од детството на Сека Алексиќ за сиромаштијата и тепањето, а ова најмногу ја повредило (фото)

Шокантна исповед од детството на Сека Алексиќ за сиромаштијата и тепањето, а ова најмногу ја повредило (фото)

Пејачката Сека Алексиќ не сака многу да зборува за приватниот живот, но во една прилика си ја отвори душата и откри шокантни детали од детството. Израснала во голема и тешка сиромаштија, како дете била сведок на семејно насилство, од татко и, а  сето тоа оставило голем белег на неа.

„Татко ми сега почина и беше добар човек, но има работи што се случија и што не се бришат. Му простив за сè. Тој сакаше да пие и можеше да им даде сè што заработил на децата кои немаат, да ги чести сите можни луѓе. Имаше љубомора и кога ќе му проработеше, мајка ми поради тоа имаше проблеми, таа најтешко настрадуваше, беше тепана. Имаше неколку ситуации кога јас и брат ми ги разделивме, а и денес има лузни на себе по лицето од тој период. Заради тоа се разведе и јас ја разбирам никој не треба да го помине тоа. После татко ми замина на работа во странство и пет-шест години не го слушнавме. Јас израснав со мојот очув Милан, кого многу го сакам и кој нè гледаше како негови деца, одеше на работа за да заработи да имам за месечен автобуски билет, за да можам да одам на училиште“, изјави Сека во емисијата „Преживеани“ на К1.

Кога имала шест години побегнале од Зворник и се преселиле во Бања Ковиљача, каде што се запишала на училиште.

„Живеевме многу тешко, бевме во бегалски домови, потоа отидовме да живееме во една школска стара куќа. Немавме бања, па се капевме кај соседот. Дојдовме буквално без ништо“, рече Сека Алексиќ и додаде:

“Децата беа брутални кон мене. Ме исмејуваа поради моите искинати чевли, затоа што носам една иста кошула. Беше страшно сурово, плачев со денови, но не сакав ништо да и кажам на мајка ми затоа што не сакав да и ја влошам тешката ситуација. Посебно кога дознаа дека мајка ми е муслиманка, имав секакви малтретирања. Ме туркаа, ме плукаа, ми ја искинаа кошулата, но тоа ми помогна во текот на мојот живот. Им благодарам на сите што беа такви, бидејќи денес не би била тоа што сум“.

Мајка и  не сакала таа да пее, но Сека имала  голема желба да го прави тоа.

“Мајка ми не ми дозволуваше да пеам, избегав од дома, а очувот ми помогна да ги остварам соништата. Почнав да пеам на 14 години и тајно одев на забави, тој ми помагаше да го сокријам тоа од мајка ми. Но таа дознала и еднаш се појави во клубот, а јас се скаменив кога ја видов и ми падна микрофонот. Кога и објаснив дека тоа е мојот сон и покажав дека само за таа вечер заработив пет пати повеќе од неа која работи од утро до вечер па тогаш малку попушти. Од тоа купивме замрзнувач и така тргна“, објасни Сека Алексиќ.

Фото:Принтскрин/Инстаграм/Сека Алеќсиќ

Останати вести од Радио Милева