Радио Милева
за малку фатално познанство...

Шок исповед на бившата учесничка во „Задруга“, старлетата Дениз Дејм: „Имав секс во тојка со човекот што ја уби мајка си со стап среде Белград“

Шок исповед на бившата учесничка во „Задруга“, старлетата Дениз Дејм: „Имав секс во тојка со човекот што ја уби мајка си со стап среде Белград“

Поранешната учесничка на „Задруга“ и словенечка старлета Дениз Дeјм објави дека имала врски со Ѓ. Мариќ (26), кој беше обвинет поради основано сомнение дека сурово ја убил со стап  својата мајка (61) во улицата „Војводе Степе“ во белградската населба Вождовац.

Имено, Дениз учествуваше во „Пулсот на Србија“ со водителот Иван Гајиќ, каде откри повеќе за нејзината секси сеанса со убиецот.

„Најпрвин би сакал да изразам сочувство и ми е навистина морничаво тоа што се случи. Сакав да  испочитувам, па се облеков во црно“ – рекла Дениз, по што додала:

„Се слушнавме за прв пат во мај годинава. Ми пиша на Инстаграм и сакаше да соработува со мене на мојата „Онли фанс“ страница за возрасни. Прво се запознавме преку видео повик каде што тоа момче изгледаше нормално и совршено добро. После се видовме и во живо. Ги снимивме тие снимки и после тоа повторно се видовме“ – раксажала старлетата и додала:

„Инаку, ми се јави една недела пред да се случи трагедијата, фала му на Бога што тогаш бев со момчето, инаку којзнае што ќе ми се случеше“ – рекла Дениз.

Водителот Иван Гајиќ се интересираше како изгледал Мариќ на средбата, но и за какви снимки станува збор.

„Изгледаше подобро од просечен маж. Дури ми отпеа некои песни и сакаше да го внесам во Задруга. Снимавме, одлично се претстави, имаше добри атрибути, воопшто не изгледаше чудно“ – раскажува старлелетата и додава:

„Снимавме неколку пати. Прво сам, а потоа со неговиот пријател во тројка. Тоа беше многу интимен чин, затоа ми е уште пострашно бидејќи бев во таква ситуација со него, без да знам за каква личност се работи“ – изјавила Дениз.

Приказната со исповедта на старлетата во емисијата, проследете ја на 26. минута од видеото (КЛИКНИ ТУКА):

Фото: Принтскрин/KURIR TV/Инстаграм/denisedameofficiel

 

Останати вести од Радио Милева