Радио Милева
свесна за себе

Шерон Стоун полна со самодоверба се соблече и ги покажа градите во седмата деценија од животот (фото)

Шерон Стоун полна со самодоверба се соблече и ги покажа градите во седмата деценија од животот (фото)

Холивудската актерка Шерон Стоун покажа како се носи со  годините, и ја оправда титулата за најсекси жена. Порано мажите лудуваа по неа, а како што минуваат годините актерката изгледа се подобро и посамоуверено.

Шерон овој пат ги вразуми своите следбеници на Инстаграм споделувајќи провокативна фотографија со која уште еднаш покажа што значи да се биде жена која е свесна за себе и која ги обожава своите години.

Актерката има 64 години, а многумина и честитаат на храброста, бидејќи се осмели да се соблече топлес и да го овековечи тој момент со фотографија.

На фотографијата покрај згодното тело се гледа и широка насмевка која плени и покажува колку Шерон ужива. Луѓето се воодушевени од нејзиниот изглед и храброст, а фотографијата ја опсипаа со коментари.

– „Жив оган“, „Икона на сексапилот“, „Легенда“, „Убава жена“, „Убава си, како и секогаш“, „Сè уште си динамит“, „Толку природна, толку убава жена“, – се само некои од коментарите.

Дека актерката е самоуверена како што е, говори и фактот што неодамна изјави дека во текот на 90-тите, покрај неа, само принцезата Дијана била толку обожавана и позната, и дека е „жешка“.

„Станавме славни во истата генерација. Каде и да отиде некој познат, како Дијана или јас во тоа време, ќе се појават стотици или илјадници луѓе. Така, ако одев во ресторан, додека да почнев да јадам, собирав стотици луѓе пред ресторанот“, рече таа.

Таа доживеа голема популарност по филмот „Ниски страсти“ по кој сите ја познаваат. Тешко е да се заборави сцената во која Шерон заводливо ги прекрстува нозете.

Шерон отсекогаш нагласувала дека не и е грижа за годините, додека во едно интервју открила дека прифаќањето на себе си и фактот дека старееш е процес и дека во него се вложува многу труд на себе.

„Толку сум благодарна за моето тело. Кога бев помлада сите ми кажуваа што не е во ред со тоа – ова или она. Сега почнав да сфаќам дека го претпочитам ставот на жените во Европа кои стануваат поубави со годините и кои го разбираат тоа. тие жени се поубави од девојчињата затоа што имаат мудрост“, изјави Шерон.

„Сега се чувствувам посигурна од кога било. Го научив тоа многу порано. Не сакам да изгледам помладо, сакам да бидам жената која изгледала најдобро на нејзина возраст. Секоја жена треба да стигне до таа фаза кога може гордо да каже, горда сум на тоа што сум “, објасни таа еднаш.

Фото:Принтскрин/Инстаграм/sharonstone

Останати вести од Радио Милева