Радио Милева
младешки изглед

Северина во прегратките на личноста која најмногу ја сака – пејачката не ја трга насмевката од лицето (фото)

Северина во прегратките на личноста која најмногу ја сака – пејачката не ја трга насмевката од лицето (фото)

Пејачката Северина Вучковиќ објави фотографии со нејзината мајка Ана Вучковиќ а со емотивната порака која и ја испрати ги  воодушеви сите нејзини обожаватели.
Многумина забележаа дека пејачката и нејзината мајка личат, а напишаа дека младешкиот изглед на Севе се должи на добрата генетика.

Северина Вучковиќ на својот профил на Инстаграм објави слика на која позира со својата мајка, а под него има краток натпис.

– Мојата мајка – стои во описот на објавата.

Нејзината емотивна објава предизвика лавина позитивни коментари.

Севе е родена во осмиот месец, по што состојбата на нејзината мајка се влошила.

– Ме роди со царски рез и не ме држеше пет месеци о раце  бидејќи беше во кома. Јас бев нејзиниот трет царски рез, а во 1972 година, таа не се разбуди пет месеци. Ме роди во осмиот месец од бременоста, кога имав само два килограми. Докторот бил прекрасен и ме оставил цело време во собата со неа, и  не дозволувал да ме одведат од неа, рекол дека само јас можам да ја разбудам од кома. Секој ден акушерката ме ставала во нејзиниот скут додека таа спиеше – изјавила пејачката за „Gloria.hr“.

Фото: Принтскрин/Инстаграм/Северина

Останати вести од Радио Милева