Радио Милева
само пријателство

Северина кончено се огласи и стави крај на приказните дека е во врска со српскиот продуцент

Северина кончено се огласи и стави крај на приказните дека е во врска со српскиот продуцент

Северина конечно се огласи по написите дека е во врска со српскиот продуцент.

Северина Вучковиќ одговори на шпекулациите дека е во емотивна врска со српскиот продуцент Филип Милетиќ.

Во разговор за klix.ba, Северина зборуваше за наводната љубов со Милетиќ, како и тоа каде планира да ја помине нова година, за новиот албум…

Подолго време во медиумите се шпекулира дека наводно Северина е во врска со Филип, а таа сега ја откри вистината.

-Филип и јас не сме во врска. Едноставно подолго време не читам весници, него пријателите ќе ми кажат што пишуваат…Нашата соработка трае 10 години, најверојатно мојот развод потикна да се пишува за тоа, но е погрешно пласирано. Воопшто не ме прашуваат дали е вистина или не, подобро да пишуваат за тоа отколку за некои полоши работи за кои се пишуваше, тврди Северина.

Северина зборуваше за синот Александар и за плановите за Нова година.

-Александар со мене ќе го помине Божиќ, имаме прекрасни зимски празници, вели пејачката.

За потсетување, оваа година Северина стави крај на бракот со Игор Којиќ.

фото: Инстаграм/северина

Останати вести од Радио Милева